Ивица Коневски не знае каде е Мијалков по синоќешната средба

Прочитај за: < 1 минута

Екс градоначалникот на Ааеродром од редовите на ВМРо-ДПМНЕ ,Ивица Коневски, кусо одговори дека нема информации за Сашо Мијалков., откако Екипа на ТВ21 вчера ги затекна Мијалков и Коневски заедно како пијат кафе во кафулето „Дистрикт“ во рамките на хотелот Мериот во центарот на Скопје.

Сашо Мијалков е недостапен за Министерството за внатрешни работи, а екипата на ТВ21 последно го виде вчера (21.02.2021) во кафе барот Дистрикт, Мериот.

Седеше на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија. Надвор од објектот и внатре имаше неколку лица кои го обезбедуваа.

На маса беше заедно со Ивица Коневски, разговараа околу половина час. А потоа, Коневски си замина, а по извесен период и Мијалков. Влезе во хотелот Мериот, за по 10-тина минути да го напушти хотелот.

„Немам“, беше кусиот одговор кој го доби „Фокус“ од Коневски.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE