
Пишува Блаже Аризанов
Може се сеќавате на едно од правилата што ги практикувам тука на страна а тоа е дека не практикувам повеќе од две-три итерации во коментари.
Односно не се трудам премногу да те убедам или разубедам во нешто.
Чудно ми е кога гледам како луѓе се натегаат на социјални медиуми во долга редица на коментари.
Но зошто?
Зошто би се обидувал некого да убедиш во било што кога можеш наместо тоа направиш финансиски влог во тој твој став.
Зошто повеќето луѓе се обидуваат да бидат во право наместо да направат пари (being right vs making money)?
Kомунизам.
Во комунистичко време најдобар начин да бидеш забележан е да бркаш статус а за стекнеш статус најдобар начин е да ги ругаш оние што решиле да направат пари во животот. Приватниот сектор беше црна овца.
Повеќето од нас се убедени дека не можат да направат пари. Затоа се предаваат на бркање статусни игри. Тоа беше поентата на мојот неодамнешен есеј Парични наспроти Статусни игри
Кои се типични бркачи на статус во едно општество? Академиците. Новинарите. Интелектуалците.
А како бркаш статус?
Преку интелектуализирање.
Затоа волку долги бесплодни, безпредметни дебати.
Затоа луѓе трошат олку време непродуктивно во обид да се докажат дека се во право пред други.
А пази – живееме во најубавата ера.
За прв пат имаме можност директно да прикачиме монетарен исход на нашиот став. Блокчеин технологијата го прави тоа уште полесно.
Мислиш дека оној ќе победи на парламентарни избори? Идеме на Аugur и правиме облог.
Исто е и со инвестиционите одлуки – Мислиш дека се соочуваме со инфлација? Алоцирај си портфолио што соодествува на инфлациона средина. Ти си го правиш своето, јас моето. На крај банкарското салдо ќе пресуди.
Валидирано учење. Учење со монетарен исход. Skin in the game.