Козлова: Физичките книги ќе бидат луксуз, достапни за чисто задоволство не и нужда

Прочитај за: < 1 минута

Професорката Катерина Колозова на својот Фејсбук профил ја искоментира најавата на министерството образование за дигитализација на образованието.

-Дигитални “учебници” се сите скриншотови, пдф-ки од решени тестови, вордови од препишани писмени, итн. Неписмени сте само затоа што скришотирате и праќате на “Вибер” место на мејл, иначе секој е прилично писмен да отвори “дигитален учебник”.

Дај не се правете наудрени и не мистифицирајте. ДИГИТАЛНО ќе е сегде – постКовид значи дигитално-зелена транзиција, нема сечење дрва за хартија ако нема потреба. Нема избор – кој сака ЕУ пари, ќе мора вака. Глуп ви е популизмот. ПС физичките книги од сега натаму ќе бидат луксуз, достапни за чисто задоволство, не и нужда, напиша Колозова.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE