Колев: Пишувајте на кирилица, таа е нашата гордост

„Уште колку години е потребно да имаме сопствена држава, за голем дел од нашите сограѓани да сфатат и прифатат, но и да ја користат кирилицата особено на социјалните мрежи како официјална азбука на современиот македонски кодифициран јазик?

Не го отворам прашањето за стариот правопис, кој под влијание на Белград беше сменет, со цел сегашното писмо да се измести од оската на кирилицата, и денес за да ги разбереме нашите прадедовци, нивните писма и книги да ни е потребен преведувач. Тоа е прашање кое треба да се отвори кога ќе се разговара за образовниот процес и потребата од предмет во училиштата, каде нашите деца ќе ја изучуваат и старата азбука. Не за друго, за да можат да ги читаат во оригинал револуционерите и преродбениците, а не како нашата генерација да чекаме некој академик, кадар на белградската историска школа да ни ги адаптира и преведува.

Почитувани сограѓани, користете ја кирилицата, таа е наша гордост и дел од нашиот идентитет и култура“, напиша на својата официјална facebook страна, претседателот на ГДУ, Петар Колев.

loading...
You Might Like
SHARE