По чија нарачка преку пропаганда „КОД“ се обидува да го оправда поскапувањето на електричната енергија?

Прочитај за: < 1 минута

На ТВ ТЕЛМА, во емисијата „КОД“ на Снежана Лупевска, беше емитувана емисија која треба да биде некој вид истражувачко новинарство, но според кажувањето на членовите на крипто заедницата, тоа е наменска емисија, можеби нарачана од ЕВН, со цел да се оправда покачувањето на електричната енергија, а за тоа неосновано да се обвинат мајнерите или популарно кажано копачите не крипто валути.

Крипто заедницата е гневна на изнесените лаги и невистини кои се ширеа во емисијата дека наводно се краде струја од мајнери (копачи на крипто валути) и дека тие се виновни за зголемената потршувачка на струја, која ЕВН и Комисијата за енергетика мора да ја оправда за зголемување на електричната енергија.

Според крипто заедницата која е присутна претежно на телеграм апликацијата Crypto Macedonia мајнерите не крадат ел.енергија, а потрошувачката на струја од страна на мајнерите не е ниту приближно голема колку што беше изнесено од така наречени „експерти за крипто“.

Во Македонија мајнерите односно копачите на крипто валути се присутни уште пред 2017 година, а својот зенит го достигнаа во 2018 година кога имаше крипто подем на валутите, но тогаш ниту Комисијата за енергетика, ниту ЕВН не излегоа со соопштение дека има преголема потрошувачка на електрична енергија.

Македонската Влада сеуште нема завземено став околу прашањето на новата блокчеијн технологија која ќе биде иднината во светот, ниту имаат став за крипто валутите. Дали ќе бидат донесени законски одредби со кои Македонија ќе биде меѓу првите држави во балканот кои ќе ги официјализира плаќањата со крипто валути?

Македонски Весник е поддржувач на блокчејн технологијата и крипто валутите и смета дека со нивно имплементирање во законските регулативи државата има шанси да стане економски лидер во регионот.

SHARE