Анѓушев се повлече од Борец, играчите добиле дозвола да си бараат нови клубови

Прочитај за: < 1 минута

Шпекулациите дека главниот финансиер на фудбалскиот клуб Борец, компанијата Брако, која е во сопственост на бизнисменот Кочо Анѓушев, нема повеќе да го финансира клубот, денес добија потврда, која не ја посакуваше ниту еден фудбалски фан од Велес.

Како што дознава Gol.mk на денешната вонредна седница на Управниот одбор на ФК Борец е потврдено повлекувањето на Анѓушев, што значи дека компанијата Брако нема повеќе да го финансира клубот. Причината за ваквата одлука на бизнисменот е поради незадоволството од односот на Општинскиот фудбалски сојуз на Велес, но и на федерацијата.

Дополнителен удар за велешани е фактот што по овој состанок сите фудбалери добиле исписница, што значи дека без обештетување ќе може да го напуштат клуб, кој поради оваа ситуација влегува во голема криза, на само неколку седмици до почетокот на вториот дел од сезоната во ПМФЛ.

Борец под раководство на Анѓушев по подолго време застана на здрави нозе, се врати во мак-елитата и од година во година градеше тим кој може да се надигрува и со најдобрите во ПМФЛ.

Извор: www.gol.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE