Ќерката на Заев ја избра професијата од нејзините соништа

Прочитај за: < 1 минута

Да се биде доктор е една од најблагородните, но истовремено и најтешките професии. Најчесто за оние кои се одлучиле животна професија да им биде медицината, се вели дека на некој начин избрале секој ден да сретнуваат несреќни луѓе, во потрага по лекот за својата болка. Сепак, секој доктор се согласува дека чувството кога ќе му се помогне на пациентот и успешно ќе биде излекуван е непроценливо.

Токму медицината, благородна, но и професија која бара многу посветеност и жртви, е изборот на Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, која годинава е матурантка.

Околу нејзината одлука да студира медицина, нејзини блиски за ,,Фокус” раскажаа дека воопшто не се изненадени. Уште како мала, била доста сочувствителна, секогаш сакала да помага, па така нејзиниот избор околу животната професија бил нешто сосема очекувано за семејството.

Во име на хуманоста, неодамна таа се појави на модната ревија ,,Убави сме, свои сме” во Струмица како придружба на малите модели, со цел да се испрати пораката дека нема место за предрасуди и како на лицата со посебни потреби треба да им се подаде рака. Скромна по природа, и покрај тоа што јавноста се интересира за секој нејзин чекор, таа не сака да се експонира.

Инаку, Александра моментално учи во средното училиште ,,Јане Сандански” во Струмица. Таа е прво дете на премиерот и неговата сопруга Зорица, а го имаат и помалиот син Душко.

[ Извор: фокус.мк ]

SHARE