Судот и изрече казна затвор од две години и пет месеци на уште една од обвинетите вработени во МВР за издавањето на пасоши за случајот „Двојник”, која претходно денеска призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје.
Оливера Софрониевска е шестта, од првично десетте обвинети вработени во МВР, на кои Судот им изрече казна откако го признаа делото. Според обвинението, таа одобрила издавање на 198 лажни патни исправи.
Судот на Оливера Софрониевска, исто така, и изрече забрана за вршење професија, дејност или должност во времетраење од десет години.
Отежнителни околности, при изрекување на пресудата, Судот рече дека се природата и зачестеноста на ваквите кривични дела во изминатите години.
– Како овластено службено лице во МВР Оливера Софрониевска во никој случај не смеела да го прекршува законот. Доколку што Оливера во периодот одобрила изработување на 198 лажни патни исправи, изјави судијката Оља Ристевска.
Олеснителни околности, посочи таа, се признанието на вина и каењето за стореното дело.
Софрониевска, се гони за кривично дело „злоупотреба на службената положба” за кое е предвидено максимална казна затвор до три години.
Повеќе >> Слободен Печат