Катерина Синадиновска: Македонска пошта е единствен пример во Европа каде што оваа дејност е во директна владина сопственост!

makedonska posta
Facebook image
Прочитај за: < 1 минута

Поранешнот уредник на економскиот неделник Капитал и Претседател на Советот за етика во медиумите, Катерина Синадиновска, во врска одлуката на Владата за продажба на Македонска Пошта АД и полемиките кои се појавија во јавноста околу оправданоста на одлуката, со свој коментар:

„Македонска пошта е единствен (!) пример во Европа каде што вакво претпријатие и оваа дејност е во директна владина сопственост! Единствен!

Македонска пошта има 2265 вработени со што е меѓу најголемите работодавци во земјава, а тоне во милионски долгови. Услугите се ужас.

Сериозни истражувања има дека со дел од платите на овие вработени со години се финансира ДУИ, да не зборувам за мал милион скандали.

Па се утепавме од пишување за либерализација на овој пазар (што патем е услов од ЕУ)!

Со години се лажат странски компании, EУ, домашна и странска јавност.
Во 2008 ееееј 2008 формиравме Агенција за пошти за да го регулира пазарот, оти кај и да е ќе се либерализираше.

Агенција имаме (сосе директорка, да), а пазар немаме.

Ама нееее…. денеска жалопојки, оф леле мајко, ќе сме ја продавале Пошта, пусти ние, леле каква загуба…

Го следите ли воопшто случајот?

Неверојатна јавност е ова. Неверојатна!“

https://www.facebook.com/katarina.sinadinovska/posts/10158997731543552

SHARE