Јовески: Писмата на Јанева од Шутка се напишани на рака

Трите дописи со кои специјалната обвинителка Катица Јанева дава согласност за преземање на предметите на СЈО од редовното обвинителство се напишани на рака, вели за „360 Степени“ државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Јовески ги отфрла тврдењата кои во јавноста ги изнесоа универзитетскиот професор Гордан Калајџиев и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, дека едно од писмата на Јанева е напишано на компјутер, на кое таа, наводно, со рака нешто допишала.

Калајџиев во настап на ТВ Телма дури побара и одговорност од директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ и формирање собраниска комисија за преиспитување на случајот.

„Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.

Извор: 360stepeni.mk

Патувај со нас, резервирај сега! Booking.com
SHARE