Јовановиќ: Македонија ја зголемува цената на струјата, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Бранимир Јовановиќ
Прочитај за: < 1 минута

Поранешниот советник на министерот Тевдовски во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ на Фејсбук направи споредба со начинот на кој други земји се справиле со кризата предизвикана од Ковид-19, а притоа ги заштитиле интересите на граѓаните.

Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.

Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.

Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа.

SHARE