Статус на Јорданка Ивановска – Јоци:
,,Не е животот суров, луѓето се ѓубриња, од нив си патиме”, напишал насилникот, кој, денеска е приведен заедно со другар му (двајцата се на фотографијата) за брутално претепување девојка.
Ох, какви ли само мисли ,,од мал мозок” може да се најдат и прочитаат на сечии профили, додека зад завесата, при исклучени камери, тие се ѓубрињата, поделени личности, психолошки пореметени садисти, кои уживаат во физичко измачување, тепање, а речиси и сум сигурна во анимален насилен секс.
Среќа, заборавиле овојпат да ја исклучат камерата. И тоа зборува многу за нив – психопати со нарцисоидно пореметување кое не знаат да го контролираат дури и кога извршуваат кривично дело, уживаат да се снимаат за да се гледаат и потоа на камера, дури и во насилен чин каде самите се во главни улоги.
И по којзнае којпат, може слободно да констатираме дека најголемите ѓубриња се расфрлаат во виртуелен свет и по фејсбуци со вакви ,,мудрости”, кои секако од некаде ги препишуваат, со цел да се сокријат од околината, а пред се` – самите од себеси.
П.С Ах, да…насилнициве се вмројни. Онакви со посети на митинзи и славење на верски празници, со крстови, со слави, икони, со сВе. Сметам за потребно да потенцирам. Затоа што и тие факти се дел од нивната психолошка структура.