Јоци до Апасиев: Нормален ли си на баба ти да и бараш пари, толкав маж

димитар апасиев, талат џафери
Прочитај за: < 1 минута

Статус на Јорданка Ивановска – Јоци:

“Димче ,,Левица” кој го ,,пораснаа” вмровци – се кјурчи. Оф, морееее….греотицо.

Димче, вмровци не се тикви. Можеби се малку погубени во моментов, малку и делувале како тикви на моменти, ама ќе се консолидираат.
И ко ќе удрат – удрено ќе биде. Ја ги знам и вмровци и сдсмовци како дишат. Вмровци се кохезивни. Сдсмовци, не.

Туку, ти бе каранфилче, на 22 години од баба ти си барал 200 денари⁉️ А, бе јас на 22 години, во 1999, работев и земав 10.000 денари плата. АлоУууу…нормален ли си да бараш од баба ти пари, толкав маж кој може сè да работи, што не растовараше камиони? Ја од баба ми барав пари, ама на 7 години за лижавче и семки.

Не сметаше дека треба задник да запотиш на факс за да не се брукаш дека си неспособен за работа? Ја не знам…до кога ќе продаваш прикаски за мали деца⁉️ Ако не, па, да вадиме приходи на твоите, шо викаш⁉️

Ве знаат во Велес, бе, Димче. Не е дека сте немале леб за јадење. Твоите работеле ниви. Прашање е – дали ти си се срамел од ниви?”


- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE