Бачев: Јане Ченто е суден врз основа на лажна изјава од заштитен сведок со кодно име С1

Јане Ченто, Јанко Бачев
Прочитај за: < 1 минута

Статус на Јанко Бачев:

“Јане Ченто е суден како „терорист“ кој малтене формирал терористичка организација да влезе во Собранието, само врз основа на лажна изјава на записник на четири страни од т.н. заштитен сведок по задача со кодно име C1.

Интересно е што преку лажна изјава на овој т.н. заштитен сведок C1 имало обид и за мое местење во настаните од 27 април. Т.н. заштитен сведок како што можете да прочитате, на записник дава лажна изјава дека сум го поврзал членството на партијата со патриотските здруженија за напад во Собранието и после настаните во Собранието сум учествувал во префрлање на уставобрнителите во Јужна Србија.

Но, по доставувањето на транскриптите од Управата за оперативна техника на ДБК каде се врши прислушувањето и тајното следење се видело дека е целосна лага, бидејки во тој момент според прислушувањето и следењето не сум бил дури и во Скопје а не пак вечерта на 27 април да вршам префрлање на уставобранители во Србија, што е несоборливо алиби. Ете, произлегува дека понекогаш е дури и добро да те прислушуваат и да ти го знаат движењето.

Патем, ова со наводното поврзување на членството на партијата да влегува во Собранието како и префрлање во Србија е целосно забегана работа и лага, по настаните во Собранието уставобранителите си беа тука во Македонија и никој не избега во Србија.

Како и да е, сакајќи да ми наштети, со ова всушност се покажува дека власта игра со лажни сведоци против уставобранителите. Во секое зло, добро!”


– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

SHARE