Јанева и дала забрана на Стефанова да зборува за снимките на „Ла Верита“

katica janeva
Прочитај за: < 1 минута

Обвинителката Лиле Стефанова го објасни односот што го имала со Катица Јанева, а кој бил крајно затегнат.

Односот особено се влошил непосредно пред таа да си поднесе оставка. Тие немале никаков контакт се до еден ден кога Јанева и се јавила на телефон и имала неколку барања.

– Бараше од мене да не зборувам со медиуми и да не ги коментирам снимките од ‘Ла Верита’ – објасни Стефанова.
Јанева уште и рекла: „да ставиме пепел, што било – било“.

SHARE