Какво изненадување од д-р Вело Марковски за младата сопруга Евгенија

Прочитај за: 2 минути

Вело Марковски е еден од неколкуте лекари, кои со своите медиумски настапи се истакна во оваа пандемиска криза. Многумина му ги оспоруваат ставовите, но не е мал бројот и на оние кои му веруваат.

Неговото прво интервју, од почетокот на пандемијата, во кој се осврна на употребата на респираторите, стана особено популарно во целиот регион.

Вело Марковски е во втор брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.

Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

Убавата Евгенија е позната и како модел, а особено популарна стана пред 7 години, кога во етерот се појави видео на групата „Пу-ка козметика“ за темата „Си го бара“

Вело Марковски сега уште еднаш покажа дека е грижлив татко и сопруг и на романтичен начин повторно и искажа љубов на својата сакана.

Имено Марковски напиша песна посветена за својата љубов насловена како Те Сакам и истата е објавена на Јутјуб, а тој самиот ја сподели на својот профил на фејсбук.

Во продолжени може да го проследите текстот на песната во која што вели:

„Ако имав доволно фантазија, ако бев уметник со префинет вкус или зограф како моите предци, ако верував на логиката, ако бев Бог што создава. Или поет со продорни мисли ќе те замислев баш тебе.

Ако имав доволно ум и храброст што се граничи со лу дило. Ако верував премногу во себе. Ако ги избришев сите слабости и сите претходни фрустрации.

Ако секој миг те посакував и желбата силно ја праќав во Универзумот, ќе посакав ти да ме сакаш. Среќа, награда или судбина, не ми е важно што е, ама убаво ми е да слушам како опише.

Сакам кога ми пееш, најубава си кога се смееш, учиш бељот и тенис. Само да бидеш поблиску до мене. За тебе сум најдобриот пејач, подобар тенисер од Ѓоковиќ.

Шах играм подобро од Корчној и секако идниот нобеловец. Умнице моја, еј мило. Понекогаш само Евгенија. Понекогаш „лошата моја, или она погрдото кога ме победуваш.

Нефертита или само ангелче. Убави ти се сите имиња. Сепак најубавото од сите тие – на Павле мајката.

Автор, Дрм, кој е многу верен и кој мисли затоа што три пати спиел во малото на Рацин, смее да пишува песни.


- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE