Инспектори со полиција влегоа во куќата на лекарот што ја оперираше жената што остана без бубрег, матка и јајник

Прочитај за: < 1 минута

Со асистенција на полицијата, инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево влегле во куќата на лекарот и директор на струшката болница, доктор Мухамед Асани, потврдуват за Слободен печат од инспекторатот.

,,Бидејќи во тек е стручен надзор, во овој момент не можеме да споделуваме информации со јавноста”, велат оттаму.

И од МВР потврдуваат дека нивни екипи асистирале во операцијата, но зошто била потребна нивната асистенција, со каква цел било влегувањето во домот на докторот засега не се открива.

Извор: Слободен Печат

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE