[Видео] Инцидент на Собранието на МОК – делегати кон Борко: „Доста го користиш спортот за политичка промоција…“

Прочитај за: < 1 минута

Повеќе од тензичното Собрание на ОКСМ на кое се избира новиот претседател по повлекувањето на Васил Тупурковски, за жал, мина и со неколку ситуации на работ на инцидент.

За време на говорот на Борко Ристовски, кој беше гостин на Собранието, дел од делегатите револтирани од навредливите зборови кон присутните спортисти, се впуштија и со реакција кон голманот на РК Вардар.

Прекинете ги ваквите партиски говори од спортска говорница. Доста го користиш Собранието за партиска промоција“ – беа реакциите на дел од делегатите кон Борко Ристовски, кој е член на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Редарските служби, сепак, ги смирија тензиите пред продолжувањето на Собранието…

Извор: ekipa.mk

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE