Илиевски: Дипломата на Заев сѐ уште не е проверена, со дипломата на Мицкоски сѐ е во ред

Прочитај за: < 1 минута

Денеска во емисијата „Утро со Златев“ гостин беше просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.

Со него се зборуваше околу образованието во Македонија, но она што навистина остави впечаток е тоа што инспекторот октри повеќе за дипломите на функционерите во Македонија.

На прашање од новинарот Златев за дипломата на Заев, Илиевски одговори дека таа сѐ уште не е проверена, но наскоро ќе биде проверена бидејќи тоа е во интерес на граѓаните.

Следно беше прашањето за министерот Оливер Спасовски бидејќи има завршено теологија. А доколку некој има завршено средно теолошко, како што вели Илиевски, нема право да запише факултет. Оттука се наметнува дека најмногу нелогичности има со дипломата на Мухамед Зекири. Тој иако има заврешно средно теолошко, има завршено и факултет, новинарство во Тетово. Тоа што е симптоматично, додава инспекторот во пензија, што Зекири завршил новинарство во истата година кога е формиран универзитетот во Тетово.

Гостинот прашува како е можно да се заврши во факултет во истата година кога е основан, упатувајќи прашање околу дипломата на Зекири.

Повеќе може да погледнете на видеото во продолжение.

Извор: Лидер

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE