Следејќи го примерот на Заев и Николовски, Јанушев се откажа од патните трошоци

јанушев, јанакиевски
Прочитај за: < 1 минута

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, објави дека нема да бара пари за патни трошоци како пратеник во македонското Собрание.

„Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да коментирам во однос на тоа од СДСМ – џабе откажување од патни трошоци кога ги покрадовте државата и народот!“, напиша Јанушев на „Фејсбук“.

Инаку Јанушев заедно со неговата сопруга има дури четири стана во Скопје, па со оглед дека живее во Скопје, не е јасно од кои патни трошоци се откажува?

Igor Janusev

Ова е имотната состојба која Игор Јанушев ја има пријавена во ДКСК додека беше Директор на ЈСП Скопје, истата може да се провери на овој линк.

SHARE