Груевски ќе чека пет до 12 или ќе се откаже од апанажа?

Прочитај за: < 1 минута

Триесет дена имаат поранешните пратеници Никола Груевски и Павле Богорвски за да побараат апанажа а досега и двајцата не побарале такво нешто.

Ова станува јасно од зборовите на спикерот Талат Џафери кој што рече дека бегалецот Груевски и Богоевски кој си даде оставка неодамна од пратеничката функција, не поднеле барање до службите за исплаќање на апанажа.

Рокот во кој се исплаќа апанажата е една година.

SHARE