Статус на Горазд Росоклија:
ПЕЛИН ВРЗ,,МЕДЕНА ЗЕМЈА“
Вчера, 14 јануари, 2020 година, бев во Метрополитен опера на Травијата и размислував за ,,Медена земја“ и за животот.
Во операта на Верди, после плукање, оговарања и навреди усмерени кон неа, кога Виолета Валери е на смртна постела, сите се околу нејзе и ја сакаат.
Нас Македонците, ниту смртта на Македонија на чии погреб сме воглавно неми сведоци, не не обединува околу ниту една вредност и околу ниту една личност.
Би било интересно да чуеме, која македонска вредност ја промовирале луѓево кои ја критикуваат, поточно плукаат, номинацијата (или прифаќањето на номинацијата) за оскар во две категории на ,Медена земја“?
Интересно е да чуеме од што тие лично се откажале, од каква номинација, стипендија, награда, грант….нешто, било што, заради употребата на наметнатото име, наметнато од власта во чии избор учествувале сите тие, или сите ние, независно за кого сме гласале, бидејќи наметнатото име е резултат на соработка на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ (како и на сите помали партии).
Дали некој просечно умен и просечно информиран мисли, дека е Холивуд толку потресен за името на една, според сите критериуми, африканска земја во Европа, а како резултат на однесувањето на нејзиното мнозинско население, Македонците, што нејзин филм номинира за оскар за да и го зацврсти новонаметнатиот идентитет?
Идентитет, македонски или оној наметнатиот, за кои Холивуд воглавно не чул дека постојат?
Наместо да ја приграбиме таа малку светлина што одвреме навреме се усмерува кон Македонија, ние не и дозволуваме да допре до земјата и до Македонецот, ја затемнуваме со злото и со погрешно усмерениот гнев кои излегуваат од нас.