Неговиот сопартиец Влатко Ѓорчев посочи дека во Собранието има пет поптретседатели и пет земеници на генералниот секретар за да се задоволат партиските апетити.
-Вреди ли да се погази се за три месеци да бидете функционер. Дали треба да има конзистентност или да го менуваме мислењето два, три, четири и пет пати, праша Ѓорчев и додаде дека е очито оти со Рамчиловиќ имаат различни поимања и различни сваќања за чест и чесност.
Во реплика Рамчиловиќ му порача дека ВМРО-ДПМНЕ се најмалку повикани да говорат за чест и чесност и за политичка трговија.
-Вие тоа што го правите е крајно лицемерно – пред странците клечите, а она што го зборувате и работите пред јавноста е нешто друго. Сум зборувал дека сум против промена на уставното име на државата, но со вашите дејствија направивте народот да не може да си го каже својот збор и му го префрливте легитимитетот на Собранието. Доколку не гласав како што гласав за Уставните измени ќе морав да ја погазам својата заедница која ја поддржа промената на името, рече Рамчиловиќ.