Едно од најконтроверзните направени интервјуа до денес, со највеќе спротиставени медицински аргументи поврзани со пандемијата на коронавирусот, кои за волја на вистината имаат многу логика и смисла.
Докторот Клаус Кохлеин од Германија, смета дека целата паника околу опасноста од коронавирусот е вештачка и дека бројката на заболени не е реална како што се прикажува во јавност. Според него, кога на болен пациент му се прави „PCR“ тест, тоа е микробиолошки тест за откривање на постоење вирус, тој тест може да покаже дека пациентот е заболен од грип. Доколку истото лице заболено од грип, се тестираат по истата метода на „PCR“ тест, но овој пар, за постоење на коронавирус, тестот исто така ќе покаже позитивен.
Бројките на заболени на светско ниво рапидно растат, бидејќи докторите масовно ги тестираат пациентите само за постоење на коронавирус, а не и за постоење на грип.
Докторот во својата болница лицата заболени од грип не ги тестира на коронавирус, бидејќи според него, однапред знае дека заболените од грип, ќе бидат исто така позитивни и на тестот за коронавирус, затоа што основата на тестот е иста, па наместо интензивно лекување во клинички услови, тој ги праќа на домашно лекување. Неговата болница нема заболени од коронавирус.
Тој смета дека коронавирусот не може да се изолира, а не пак да се докаже со тестот PCR, затоа што клиничката слика која ја покажува коронавирусот и грипот, се исти. Болка во грло и кашлање не е новина за медицината, вели доктор Клаус.
Високата смртност која се појавува во многу земји во Европа и пошироко, тој ја објаснува со фактот дека е создадена паника од прогласена пандемија, лекарите ги третираат пациентите по протокол на Светската Здравствена Организација (СЗО), со силни медикаменти, кои на организмот му нанесуваат повеќе штета како нус ефект и со тоа слабеење на имунитетот, а бидејќи се работи за болест за која нема специјален лек, туку самиот организам преку имунолошкиот систем треба да ја победи, со слабеење на имунитетот, се влошува уште повеќе состојбата на пациентите и предизвикува смртност.
Медицина и Здравје само го пренесува мислењето на докторот и препорачува овие тези да се гледаат со резерва, бидејќи не сакаме да предизвикаме страв, како од коронавирусот, така и од опасноста да бидете лечени со преагресивна терапија.
Погледнете го целото интервју со докторот и сами донесете заклучок:
https://www.youtube.com/watch?v=gI_Lh2x1Vwk&feature=emb_title