Скопје го испраќа Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија

ljubco kongres
Прочитај за: < 1 минута

Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски  во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји, објави денеска бугарската агенција БГНЕС пренесувајќи делови од синоќешното интервју на Георгиевски за „360 степени“ во кое тој зборуваше за актуелните случувања на релација Софија-Скопје.

Посетата, како што се вели во веста на бугарската агенција, ќе се реализира откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев.

Поранешниот премиер во синоќешното интервју за „360 степени“ најави дека во Софија ќе има јавни настапи за да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа да може правилно да го процени однесувањето на македонското раководство.

Георгиевски смета дека Софија не ја разбира новата реалност во Македонија со новата власт – што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија.

-Тоа беше незамисливо пред само три години … Јас самиот не сум кажал такви работи затоа што ќе бев растргнат, цитира БГНЕС делови од интервјуто на Героргиевски за “360 степени“.

Според агенцијата, Георгиевски признал дека многу малку е направено за приближување кон Бугарија во последните 30 години и оти македонската дипломатија ја преспала последната година, а особено периодот кога рамковната позиција за Македонија била расправана и усвоена во бугарскиот Парламент.

Во однос на минатото, агенцијата ја посочува зачуденоста на Георгиевски како некои стари тврдења опстојуваат во демократијата, и посочува, кој сака да учи историја да оди и да ги купи книгите објавени од македонскиот архив во времето кога со него раководеше Зоран Тодоровски.

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

SHARE