Георгиевски: Јас ја кажав прв идејата за додавката Северна Македонија

Крвав Божиќ
Прочитај за: < 1 минута

Љубчо Георгиевски во емисијата 24 Отворено истакна во неговиот вовед во текстот што го објави за решавање за спорот со Бугарија, вели дека често пишува за македонската историја, но сака да се сфати како дипломатска понуда, испровоцирана од идеите.

„Без никаква координација се оградија од двете страни. Јас дадов идејата да излеземе од овој ќорсокак во кој западнавме по ветото од Бугарија, а како што стои и работата и наредната сесија не гледам дека нешто посериозно се случува. Тоа беше една идеја да се стават старо-нови идеи на масата, некои одеи модифицирани и да тргнеме напред.“ – вели Георгиевски.

Георгиевски смета дека Македонија не заслужува да изгуби 20 години во преговори и треба решение како да излеземе и да одиме напред. Вели дека отсекогаш кршел табуа од деведесетите години и во минатото македонците биле порасположени за Југославија и бил рече дека бил прв ја кажал додавката Северна Македонија. Смета дека тој го направил најпатриотскиот чин во однос на Бугарија.

„Со една декларација во која нема ниту една обврска кон Македонија затворивме прашање кое стоеше една деценија со Бугарија и ги почнавме добрите односи со Иван Костов. Со таа декларација, Македонија требаше да биде само пријател со Бугарија, ништо повеќе, никакви историски, етнички, идентитетски обврски.“ – рече Георгиевски.

Извор: www.24.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE