Георгиевски: На Груевски му дадов документ дека Стојменов зел провизија за продажбата на Стопанска банка

Љубчо Георгиевски, инфлација
Прочитај за: < 1 минута

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски во интервју во емисијата „Во Центар“ обелодени дека своевремено обезбедил документ кој, како што рече, покажувал дека поранешниот министер за финансии Борис Стојменов земал провизија за продажбата на Стопанска банка. Притоа, Георгиевски истакна дека овој документ му го дал на неговиот наследник на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Тој (Борис Стојменов) станува министер за финансии и демонстрира мал реформски капацитет. ММФ и Светска Банка се жалеа од него. Кога дојде реконструкција на крајот на 99 година, му реков Борис гледаш и самиот дека работата не ја бива. Во меѓувреме тој почна да си прави бизниси. Печатењето одеше кај него, деловни простори и слично. Јас го менувам Борис Стојменов за да го ставам Никола Груевски. После тоа тој ми стана најголем непријател, а тие двајца си правеа бизниси. Имаше еден документ кој го обезбедив каде што Борис Стојменов зема провизија за приватизацијата на Стопанска Банка. Груевски тоа не го отвори во јавноста, но мислам дека го има употребено во купувањето на Канал 5 за време на неговото владеење –
обвини Георгиевски.

Досега, ниту Стојменов ниту Груевски не се огласиле со реакција во однос на тврдењето на Георгиевски, кој беше премиер за време на влaдата на ДПМНЕ од 1998 до 2002 година. За време на оваа влада, прво Стојменов беше министер за финансии, а потоа на оваа позиција дојде Груевски.

SHARE