Квалитетна врата значи безбеден и функцинален објект

garazni vrati
Прочитај за: 3 минути

Гаражни и противпожарни врати

Интервју со Иван Личков сопственикот на Doors Impex

Во вашето 10 годишното искуство на македонскиот пазар, можете да се пофалите со многубројни проекти со водечките компании од различни индустриски области и голем број на приватни корисници на вашите производи. Ќе може ли подетално да ни кажете кои се производи и услуги што ги нудите на клиентите?

– Работиме со сите видови на гаражни врати (сегментни, ролни, летечки крила), автоматски системи за шибер и крилни врати, противпожарни и спецјални врати. Сето тоа го имаме сработено за многу резидентни и индустриски објекти.

По што се разликуваат вашите производи од останатите слични на пазарот? Секако и комплетната услуга, од монтажа па се до одржување?

– Најчесто нашите клиенти не одбират по 4 основни причини:
1. Како представници на светските брендови на гражни врати DoorHan Чешка и Novoferm Германија – нудиме прозиводи сертифицирани по нај високите европски стандарти.
2. Имаме повеке од 10 типа на отворање на гражните врати и секогаш сме подготвени да го дадеме најдоброто решение на лице место, независно колку е висок или низок плафонот и дали оди под косина.
3. Комплетни решенија за автоматизирање на различни типови на автоматики со брендот Motorline Professional. Се случува на клиенти да имаме монтирано сегментна и ролна врата, рампа и лизгачки мотор и сите може да се работат само со едно 4- канално далинско.

Што би понудиле на деловните објекти а што на семејните куќи (домови) кога се во прашање вратите и рампите?

– Разликата доаѓа највеќе од тоа дали вратата ќе се користи нормално или интензивно. Оваа е многу битно за врати за станбени згради или индустриски објекти каде има голема фреквенција и ние секогаш нудиме појачуване на федерите до 100 000 цуклуси и мотор кој не загрева на ваква работа. И во моментот имаме врати кои се наместени пред повеќе од 5 години а се уште се отворат секојдневно 100-150 пати и се` уште немат потреба од сервис.

Како ја следите модерната технологија, во смисла паметни врати, сообраќајни јамки кои реагираат на движење… Каде ќе се движи иднината во вашиот бизнис сектор и како вие тие новини ќе ги донесете на нашиот пазар?

– Различен начин на отворање од стандардните на далечинско управување е сообраќајна јамка или Loop Detector кои се поставува во земјата. Таа го чита возилото кога ќе помине во јамката, и вратата се отвора автоматски. Друг исто така модерен начин е со стикер кој се поставува на предното стакло на возилото, па доближувајќи се на 5-15 м до вратата истиот дава сигнал на приемник на вратата и таа автоматски се отвора. Ова е иднината на отворање на вратите каде шоферот практично не прави ништо а вратата се отвора по пратен сигнал од стикерот.

Со кои европски брендови соработувате и што значи тоа во однос на квалитетот на материјалите и комплетниот производ?

– Клиентите се повеќе се интересират од тоа каде и како а изработена една гаражна врата, каква е термичката изолација, дали дихтува добро, дали е безбедна… Исто така дали една автоматика е квалитена и има бренд кој стои позади неа или е производ без име. Големите прозиводители Doorhan и Novoferm ги изработуваат истите врати и за Германија и за Македонија, таа е причината кога градат странски инвеститори во Македонија да барат врати од истите производители, малце по скапи се но квалитетот е гарантиран.

На објект во Скопје пред 2 месеци видов сегментна врата широка 6 метри која е наместена без ниедно појачување на панелите, истата е клапната – навалена во средина и веќе не фукционира. Често пати се случува некои други колеги да не стават безбедностен систем во случај на кинење на сајла, несоодветни на големината на вратата шартки и т.н. Сето тоа фабрика која работи по CE сертификат не си го дозволува, се работи по стандарти.

Што откако ќе се купи и намести вратата или рампата… до кога се грижите за нејзината функционалност и дали нудите сервис ?

– Секако, сервисот и гарантниот рок се веќе договорени пред монтажата на робата. Во однос на сервисирање нашите клиенти ни кажуват дека имаме една од најбрзите реакции, до 1-2 дена од повикот. Резидентните врати е доволно само да се подмачкуват по еден пат на 3-4 месеци а за пофреквентни врати после истек на гарантниот рок има можност да се направи договор за редовен сервис.

Како да ве најдат сите оние потенцијални купувачи кои би сакале да се информираат за вашата понуда?

– Може да не побараат на нашите телефони за контакти на www.doorsimpeks.mk или на Фејсбук страната DoorsImpex исто може да не контактират на [email protected] .

SHARE