ФРОДЕМ на Кекеновски стана дел од ВМРО-ДПМНЕ

Прочитај за: < 1 минута

За мене претставува посебна чест и задоволство еве да соопштам дека уште една десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е ФРОДЕМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес конференција.

– Како што и претставникот самиот кажа препознавајќи ги политиките на новото раководство, а потребите на новото време за обединување на опозицискиот фронт ФРОДЕМ одлучи во иднина да дејствува во рамките на структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. Јас сум исклучително среќен што изминативе неколку недели можевме искрено, пријателски, братски да поразговараме за проблемите кои што заеднички ги идентификувавме. За истите тие проблеми се обидуваме да најдеме заеднички решенија бидејќи не треба да ги гледаме работите само од денеска за утре, туку треба да ги гледаме работите и така да им приоѓаме стратешки, визионерски – рече Мицкоски.

Според него, окрупнувањто на опозициските партии во иднина ќе продолжи, бидејќи состојбата во Македонија е на ниво национална катастрофа, катаклизмична и алармантна.

– Затоа ги повикувам сите оние кои што гледаат политички противник во мафијата на власт, да ни се приклучат заеднички да се бориме против криминалот, корупцијата, понижувањата, омаловажувањата, срамот кои што се присутни веќе четврта година на македонската политичка сцена – рече Мицкоски.

Извор: Plusinfo

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

SHARE