[Видео] Фаќачите на крстот во Штип се тепаа, попот продолжи да пее

Прочитај за: < 1 минута

Традиционално, во Македонија не може да помине верскиот празник Водици без некој скандал, поврзан со фрлањето на светиот крст.

Годинава, најголемиот срам се случи на фрлањето на крстот во Штип, кога дојде до тепачка помеѓу луѓето кои се обидувале да го фатат крстот, кои очигледно заборавиле која е мисијата на празникот.

Тие неколку минути во водата, пред очите на присутните верници се туркаа, удираа и го влечеа крстот, обидувајќи се да докажат кој прв го фатил. Сепак на крајот, свештеникот ги смири, кажувајќи им дека момчето со црната маица прво го фатило крстот.

Очевидци на настанот за „Фокус” велат дека срамот е голем и како ваков скандал за прв пат се случил во Штип.

-Не дојде полиција, се разбраа на крај луѓето, но ваков срам на верски празник само покажува колку сме ние мали во душите – ни изјавија луѓе пред чии очи се случувала драмата.

Во минатото тепачки за светиот крст имаше и во други градови во земјава, а видео клипови од истите немили настани беа поставени на каналот Јутјуб.

SHARE