Проф. Љубомир Фрчкоски ќе биде нов амбасадор во САД?

Љубомир Д. Фрчкоски
Прочитај за: < 1 минута

Професорот Љубомир Фрчкоски е најсериозен кандидат за амбасадор во САД, каде Владата со години нема назначено нов амбасадор, јавува Телевизија 24.

Името на потенцијалниот кандидат за амбасадор, според процедурата, треба да помине на владина седница откако претходно ќе биде предложен од министерството за надворешни работи како предлог услогласен и со претседателот Пендаровски.

Од МНР не одоговориле во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, а Фрчковски пак изјавил дека нема коментар на оваа тема.

Државата со години нема амбасадори во десетина држави во светот, па така Македонија освен во Вашингтон нема представник ниту во Брисел, Москва, Пекинг, а во екот на македонско – бугарскиот спор земјава нема амбасадор ниту во Софија.

Извор: fokus.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE