Единствена Македонија до Заев: Те шамараат на рати од Бугарија, повлечи се од договорот и побарај простување од народот

Јанко Бачев, единствена македонија, зоран заев
Прочитај за: < 1 минута

Зоран Заев добива силни шамари на рати од Бугарија преку последователните документи на Софија како што се Декларацијата на бугарскиот парламент, Рамковните позиции од октомври 2019, Изјавата од март 2020, Објаснувачкиот меморандум на Бугарија до земјите членки на ЕУ и најновиот бугарски документ со 12 точки.

Сите овие бугарски документи се сведуваат на тоа дека треба да дојде до бришење на македонската нација, јазик, историја, култура, Македонците во Пиринска Македонија, а сето тоа како услов Бугарија да не стави вето за почеток на преговори со ЕУ иако членството во ЕУ само по себе е незивесен факт за кое може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од дваесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија ќе опстане.

По силниот шамар за Заев од Бугарија, Единствена Македонија со фер понуда до Заев да се повлече од Договорот со Бугарија и да побара простувањена од македонскиот народ за целосниот пораз на надворешната политика на власта во изминатиот период со која се загрозени националните и државните интереси.

Единствена Македонија кажува отворено и јасно – антимакедонските договори со Грција и Бугарија ќе бидат поништени како спротивни на домашното и меѓународното право. За штетата за националните интереси, одоговорност мора да има.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE