Единствена Македонија: Заев и Борисов да излезат со заедничка изјава за Мировниот договор и историската Бледска спогодба со Бугарија

единствена македонија
Прочитај за: < 1 минута

Единствена Македонија и македонскиот народ со неверување слушаат за интервју на Зоран Заев за бугарската БГНЕС во кое на штета на Македонија и Македонците се искривуваат општо познатите историски факти прифатени од светската историска наука.

Единствена Македонија го повикува Заев да се извини за вчерашното опасно антимакедонско интервју и да побара од Бугарија реафирмирање на определбите од Мировниот договор со Бугарија од 1947 и историската Бледска спогодба од 1947 меѓу владите на тогашна Федеративна Народна Република Југославија и Бугарија.

Со Мировниот договор и Бледската спогодба од 1947 кои сеуште се меѓународно-правно важечки а Република Македонија е сукцесор според правилата на меѓународното право во областа на меѓународните договори, Бугарија е во обврска да не дозволи никаква дискриминација меѓу своите државјани и да ги осигура сите права на човекот и основните слободи со што во Бугарија во училиштата се воведува настава на мајчин македонски јазик, книжарници со македонски книги, македонски народен театар и други можности за изразување на македонската национална припадност и култура и на крајот откажувањето на Југославија од репарациите кон Бугарија кои беа одредени во износ од тогашни 25 милиони долари со Мировниот договор од 1947 година.

На тој начин се отвора патот за искрено добрососедство во духот на основните начела на меѓународното право, на правниот поредок на Обединетите нации и начелата на ОБСЕ, а во услови на сегашното целосно негирање на Македонците во Бугарија.

Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана националните интереси ќе преземе активна улога и за таа цел никогаш нема да се согласи со антимакедонските договори и нема да биде нем набљудувач на македонското обезличување.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE