Единствена Македонија до Мицкоски: Срамно е во кризата да бараш пари само за олигарсите, кажи некоја дума и за народот

Прочитај за: < 1 минута

Единствена Македонија во името на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ изразува загриженост поради штетното однесување на Христијан Мицкоски во кризата со коронавирусот.

Устата на Мицкоски секој ден на прес конференции е полна со барање пари и мерки во кризата само за бизнисмените. Мицкоски е силно загрижен само за бизнисмените во ова тешко време на кризата со коронавирусот.

Но, Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ го повикува Христијан Мицкоски да се сети и на народот во оваа здравствена криза. Го охрабруваме Мицоски да каже по некоја дума и мерка за народот.

Срамно и жално е за една партија како ВМРО-ДПМНЕ која се декларира за народна, да бара парите од мерките на владата да одат кај тие што најмногу ги имаат – кај бизнисмените, а не кај народот.

Паднаа маските. ВМРО-ДПМНЕ станува партија во интерес на крупниот капитал и олигарсите во Република Македонија. Се разбира, ВМРО-ДПМНЕ има суверено право да ја определува својата ориентација, но, не смееме да заборавиме дека олигарсите во Македонија се всушност најголемите транзициски бандити кои извршија грабеж на општествениот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.

Мицкоски и должи одговор на јавноста – која е причината во кризата со коронавирусот да бара пари само за олигарсите, а не и за народот?

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија.