Џафери до Стојановска: Ќе ја земеш ти или јас да ја земам чантата „Луј Витон“? Ќе ја однесам на Бит пазар…

На седницата за законот за јавното обвинителство, на собраниската говорница се најде и „Луј Витон“ чанта. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска по говорот на собранискиот пулт остави како што рече лажна „Луј Витон“ чанта со лажни банкноти.

На ова пратеник од СДСМ и се заблагодари на пратеничката дека конечно е пронајдена чантата која целата јавност ја бара.

По ова претседателот на Собранието Талат Џафери ја праша пратеничката Стојанова дали ќе си ја земе чантата или тој да ја земе.

– Ќе ја земеш ти или ја да ја земам чантата? Ќе ја однесам на Бит пазар – се пошегува Џафери.

SHARE