Дури 200.000 луѓе помалку починале од рак оваа година

Несторовиќ корона рак
Прочитај за: < 1 минута

Српскиот пулмолог, д-р. Бранимир Несторовиќ во гостување во емисијата „Ќирилица“ на Хепи телевизија даде уште една од многуте изненадувачки изјави. Сега смета дека луѓето имаат многу поголеми шански да добијат тумор, отколку да се заразат со корона вирусот.

– Сега луѓето се под голем стрес, а тоа многу влијае на имунитетот. Но, корона вирусот не е единственото нешто од што може да заболите. Би рекол дека поголема е можноста сега да се добие рак. Статистиката вели дека оваа година 200.000 луѓе помалку починале од рак. Интересно е што таа бројка влегла во лицата што починале од корона, така што починатите со малигни болести кои заболеле од корона се сметаат за починати од Ковид 19, вели Несторовиќ.

Инфо >> Медицина и здравје

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE