Драги Рашковски не си оди од „Илиненденска“

Прочитај за: < 1 минута

Со владина одлука, што е на сила од вчера, се воведуваат три нови позиции „секретар“ и уште три „помошник-секретар“, од кои едната (за мониторинг и поддршка на институциите) била резервирана за досегашниот генерален секретар на Владата

Драги Рашковски, доскорешниот генерален секретар на Владата, не си оди од „Илиненденска“ ниту откако вчера неговата функција ја презема Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ.

Рашковски, според информациите на 360 степени, е поставен на друга позиција во владиниот кабинет. Тој, во изјава за ТВ 24, вели дека од денеска е на функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма.

 

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE