Чудна е омразата и недовербата која ја покажуваат новинарите кон владиниот секретар Драги Рашковски. Не знам на што се должи тоа, веројатно тој има некој чуден однос со нив, ладен, не ги многу тинтра, а овие пак се навикнати да ги гали некој по ушите…
Или пак новинарите наседнаа на црната пропаганда која опозицијата ја истури во големи количини врз Рашковски…
Или пак сите дуваат на јогурт откако се изгореа во минатото со типови како Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер, битанги од мафијашки тип…
Тврдам дека Драги Рашковски не го заслужува тој однос кој му го приредуваат новинарите, тој човек е безмалку херој!
Замислете човекот успеал да најде модус вивенди и да најде фирма која ќе нуди бесплатно хеликоптерски транспорт на пациенти во земјава со што заштедил 70 милиона евра од буџетот за 10 години?!?!?!?!?!? Не само што заштедил туку буџетот ќе се полни, оваа фирма месечно треба да плаќа околу 100 000е концесија за македонското небо?!?!
Како го направил тоа? Па со КАПИТАЛИЗАМ јеботе човече! Таа фирма ќе нуди и други услуги на фирмите и богатите а во исто време ќе нуди и бесплатен превоз на патници и сите се среќни – државата заштедила големи пари па дури и заработила, народот добива брз транспорт ако дојде нож до коска, фирмата ќе млати пари а богатите ќе одат до Охрид за 15 минути или до Солун за 30 минути за што ќе си платат 100-200е-300е од патување.
И наместо за ова човекот да добие овации, ние го утепавме и со критики и сомнежи што Рашко крие?!?! Како сега ни го начукал?!?!
Исто така човекот нашол итро начин како да се исчисти некој експлозив од Волково за чие чистење фирмите специјализирани за тоа наплаќаат по 1 милион евра, но тој се договорил фирмата која ќе го чисти да го продаде тој експлозив на пазарот и чистењето да го направи не само за џабе туку и да плаит на државата едно 10 000е?!?!
Мислам дека дел од проблемот е што многу новинари се економски неписмени и не можат да разберат дека ако некоја фирма има трошок да речеме од 1 милион евра мислат автоматски дека некој од државата ќе мора тоа да го плати, они не мислат со мозокот на бизнисмените кои ист производ може да го нудат и на трети страни и со помош на СИНЕРГИЈА да обезбедат колатерал бесплатни услуги за едни а наплата на услуги за други и на крај профит за себе и за државата, тие комплицирани шеми и системи за новинарите се ебена ШРЕДИНГЕРОВА РАВЕНКА за простор и време и релативитет…
Многу ме нервира неправда. И тоа секаков вид на неправда и кога некое копиле мафијашко ќе го пуштиме да се спаси но и кога некој вреден умен домаќински ориентед функционер ќе го јавнеме и ќе му се качиме на глава сосема неправедно.
Со тоа ние праќаме порака до сите функционери, џабе се трудите, кој ве ебе, сите ќе ве распнеме на крст пошто не мрзи да мислиме со лејките! А тоа е многу лаша порака од која на крај сите ќе изгубиме и ќе бидеме поразени и оштетени!
Ние мораме да ги наградиме добрите политичари и функционери со тоа ќе ги мотивираме и понатаму добро да работат а со тоа и ќе охрабриме и многу други умни способни луѓе да влезат во политиката и да ги засукаат ракавите а да знаат дека ги очекува фер третман од новинарите јавноста и медиумите. Ако ги уплашиме дека сите ќе ги наденеме на колец по правилото кај гори суво гори и сирово, тогаш ништо не сме направиле. Тогаш политиката ќе ја оставиме вечно на олошите лоповите нечсесните и неспособните опортунисти лежовани крлежи и хиени!
Штета е што многу новинари новинарството го разбираат како како агро берза, сточен пазар па се нудат како магариња и коњи кој најдобро може да ора и влече!
Многу новинари немаат одговорност како влијаат на земјата со своите постапки со својата работа и со своето слугување на мафијашки режимски манипулаторски структури и бизнисмени.
Многу од новинарите тргаат од себични интереси, а потоа држат лекции до политичарите зошто не мислеле на државата?!?!
Извор: maktel.mk