[Видео] Димова чека Заев да побара разрешување, а не господинот Николовски

Прочитај за: < 1 минута

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, во гостувањето во „Стадион“ на Канал 77, рече дека вицепремиерот Љупчо Николовски не може да и бара оставка, туку тоа може да го направи владата. Вака Димова одговора на прашањето откако Николовски, завчера, побара нејзино повлекување од директорката функција.

– Не гледам зошто би дала оставка. А, владата има право. Ама под владата ако го отворите етичкиот кодекс, таму пишува дека претседателот на владата може да бара некакво разрешување, а не, господинот Љупчо Николовски. Јас го цитирам Етичкиот кодекс – рече Димова.

Таа додаде дека не е именувана од владата туку дека е избрана од Управниот одбор.

– Ако директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова не поднесе оставка, бидејќи тоа е работа на Управниот одбор на Националната агенција, ќе побарам нејзино разрешување – изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

SHARE