Димитров: Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме…

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, предупредува за ризиците кои и се закануваат на земјава доколку ЕУ не додели датум за старт на преговори во октомври.

„Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме, а скептиците, националистички сили и популистите ќе се зајакнат, тоа ќе им помогне на оние кои се сомневаат во европскиот проект, таа стратешка ориентација, додека позитивна одлука ќе ни помогне да кажеме дека работите се во наши раце, изјави Димитров во интервју за Агенција Европа при неговата последна посета на Брисел минатата недела.

Во разговорот, Димитров го споделува својот оптимизам за одлуката на Советот на 15 октомври и смета дека земјата има „многу убедливи аргументи“, пред сѐ „очигледен напредок кон вистинска европска демократија“, како и постигнувањето на договорите со Грција и Бугарија, пренесува „Фокус“.

Во случај Македонија да не добие зелено светло овој пат, по четиринаесет години кандидатски статус, министерот предупредува: „нема да биде лесно за мене, како министер, да се вратам дома после октомври и да речам дека ќе одлучуваат идната година, потребно ни е политичко гориво за да продолжиме да одиме напред“.

loading...
You Might Like
SHARE