Димитров: На сите состаноци клучната порака на Вархеји беше донесување на законот за ЈО пред избори

Прочитај за: < 1 минута

На сите состаноци имаше конзистентност во една од клучните пораки што вчера за време на посетата ја испрати еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји – неговата надеж и очекување законот за јавно обвинителство да се донесе во сегашниот парламентарен состав, пред изборите.

Ова го вели министерот за надворешни работи Никола Димитров кој вчера се сретна со Вархеји, но и присуствувашe на три од тие средби.

„Мислам дека на некој начин сите политички актери, вклучувајќи ја и опозицијата и нивниот лидер Мицкоски, се пред тест дали тоа што постои во сите програми – највисокиот приоритет, европската интеграција, зачленувањето во Европската Унија, го пишуваме или велиме декларативно или сме спремни да се вложиме во тоа. Ако еврокомесарот вели дека е важно ова да се донесе во сегашниот парламентарен состав, ќе се види дали сме само декларативни во заложбите – кој нема да гласа и нема да учествува во таков закон, во кој се вградените сите забелешки и сугестии на ЕК, не е чесен и искрен пред гласачите и пред граѓаните кога вели сакам ЕУ, но не сакам да го правам тоа што ЕУ сугерира дека треба да се прави за да се успее“, вели Димитров за МИА.

Шефот на дипломатијата потенцира дека сега државата е на тест дали ќе може ова да се издигне надвор од изборниот контекст или ова ќе стане предмет на меѓупартиски препукувања.

SHARE