Демант од директорката на ЈЗУ Велес, во врска со објавената аудио снимка

Анастасија Иванова
Прочитај за: 3 минути

Демант од страна на директорката на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес по објавата за (АУДИО) Скандал:„ Директорката на Центарот за Јавно здравје малтретира вработен“. 

Во целост ви го пренесуваме:

Од Анастасија Иванова, д-р специјалист по микробиологија со паразитологија и в.д директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес по објава од страна на www.velesnadlanka и www.svest.mk на текст со наслов: (АУДИО) Скандал:„ Директорката на Центарот за Јавно здравје малтретира вработен“, во кој што емитувате аудио запис со гласови на жени и маж кои се во 22 секундна расправија, и потоа на база на само тој аудио запис пишувате текст за наводно малтретирање на вработена од страна на директорката на Центарот за јавно здравје Велес БАРАМ да го објавите овој демант, кој што ги содржи сите елементи што Ви се неопходни за да напишете новинарски текст и под него да се потпишете.

Таа обврска треба да ја имате доколку сте медиум што работи согласно Закон за јавно информирање и го почитува Кодекс на новинарите како што тоа го правиме ние, лекарите со Законот за здравство и Хипократова заклетва.

Во мојот прв пасус веќе ви соопштив дека сосема погрешно сте ја разбрале содржината на аудио записот, бидејќи кога тој веќе постои и ви е испратен од вработената во ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, лаборант Суза Николова ,сте требале да го објавите во целост и добро да го преслушате. Фактот што аудио записот го објавувате, по пет или шест месеци, од снимањето, во време на изборна кампања, го толкувам како директен атак врз мене што вие и претходно без да ме контактирате и од мене да побарате информација како втора страна( нели така ги пишувате новинарските стории, вести и информации) го правевте и претходно. Тоа е само показател на вашата непрофисионалност што се однесува особено за пишувачот на текстот, што не е информација, бидејќи во него ги нема петте задолжителни новинарски прашања од чии што одговори се пишува вест, информација, сторија и сл. Објавениот текст не е потпишан од автор?! Зошто?! Се ова, ја поткрепува мојата констатација дека вие имате единствена намера ДА ЈА ДЕЗИНФОРМИРАТЕ а не ДА ЈА ИНФОРМИРАТЕ јавноста.

Ова исто така зборува само за непрофесионализам што ќе оставам да го ценат и оценат граѓаните, Советот на честа на ЗНМ и Советот за етика во медиумите на Македонија.

Но сепак барам од Вас да објавите и дека вработената Суза Николова ја предизвикува расправијата со мене, таа ми се заканува и ме напаѓа вербално, недолично и неколегијално. Расправијата се случува откако јас во својство на препоставена но, не и како в.д директор туку само како Началник на Оддел за лабораториска дејност и укажувам на лаборантот Суза Николова за грешки и пропусти во нејзината работа што директно се одразуваат врз работата на јавната здравствена установа и јавното здравје на граѓаните. Предизвикувањето на расправијата, навредите и омаловажувањето од страна на Суза Николова кон мене се случи во присуство на четворица колеги, значи сведоци, но тоа не е интерес на овој демант туку спаѓа во делот на доказна постапка за на суд.

Би сакала да одговорите и на следниве мои две прашања : која е јавноста што ја спомнувате и кои се вработени, кога велите “Јавноста се прашува, после овој скандал, дали министерот Венко Филипче ќе ја разреши оваа директорка или ќе остане тортурата врз вработените од страна на директорката на Центарот за јавно здравје?“. Кого вие прашавте?! Чии одговори соопштивте?! Кои докази за напишаното ги имате?! Ви благодарам на одговорите. И толку.

Вие продолжете да бидете не професионални, да пишувате лажни вести, да дезинформирате и мислете дека граѓаните ќе ви веруваат. Оставете јас професионално да ја работам работата за која сум платена со народни пари и бидете убедени дека за професионалноста и работните успеси на институцијата, што сега без аргументи ја омаловажувате, ќе имате што да пишувате но, поткрепено со точни анализи, статистика, извештаи, резултати од контроли, мониторирање и контрола од нам надлежни домашни и странски Институти како и од државни институции.

ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес
в.д Директор
Д-р Анастасија Иванова
Специјалист по микробиологија и паразитологијатологија

SHARE