Околу 32 илјади деца бегалци, со македонско потекло, ја напуштија територијата на Грција во периодот од од март до мај 1948 година. Тогашниот министер за надворешни работи на Југославија, и десна рака на Јосип Броз Тито, Едвард Кардељ забрани тие Македончиња од Егејска Македонија да останат на територијата на тогашна Народна Република Македонија.
Таа 1948 година во тогашна Народна Република Македонија беше спроведен првиот попис по завршувањето на Втората Светска Војна. Според тој попис, тогаш во Македонија имаше 789 648 Македонци од вкупно 1 152 986 жители во Народна Република Македонија. Ако тие деца бегалци останеа во Македонија, а тоа ќе подразбираше, по поразот во Граѓанската Војна во Грција, и голем број од нивните родители и останатите Македонци кои бегаа од Грција да бидат населени на територијата на Народна Република Македонија. Сигурно бројката ќе беше поголема од сто илјади Македонци бегалци од Грција а населени во Македонија. Тоа би било околу 15 до 20 отсто од бројот на Македонци кои тогаш живееја во Македонија.
Зошто тоа не го дозволи Едвард Кардељ? Постојат многу објаснувања но најреалното е дека со таков прилив на Македонци од Грција ќе беше сменет етничкиот состав во Македонија и ние денес немаше да дебатираме за 20 или 25 отсто Албанци кои живеат во денешна Македонија туку за многу помалку од 15 отсто. Но, исто, така, ќе беше сменета демогравската слика и во тогашна Југославија, односно по Србите и евентуално Хрватите, Македонците ќе беа трет најброен народ во тогашната држава. Очигледно поради тие причини голем број Македонци во Грција беа раселувани во земјите од Источна Европа и не останаа во Македонија.
20-тина години подоцна, тогашниот комунистички лидер Лазар Колишевски, се обиде да ја исправи грешката и еден дел од Македонците кои сакаа од Источна Европа да се вратат во Македонија почна да ги населува во Западна Македонија по должината на границата со Албанија, посебно во Тетово и Гостивар. На тој начин Колишевски сакаше да го забави и да го спречи процесот на албанизација на Западна Македонија.
За одлуката на Едвард Кардељ да не дозволи децата бегалци да останат на територијата во Македонија зборува Тома Фила во емисијата Во Центар.
Повеќе можете да видите на следниот линк: