На елката во Даунинг стрит 10 , лампион со Северна Македонија

Почетокот на лидерскиот состанок, Заев го искористи за ракување со Трамп и краток разговор. Друштво им правеше и генералниот секретар Столтенберг, кој вчера доби македонско бело вино од македонскиот премиер, во знак на благодарност за влогот кој го дал за нашата држава да стане 30та членка на НАТО.

Заев, освен со министрите, во Лондон е и во придружба на сопругата Зорица, која му правеше друштво на прием кај домаќинот, Борис Џонсон. Од резиденцијата на Даунинг стрит 10, Заев сподели фотографија со новогодишна елка на која стои лампион потпишан со “Северна Македонија” и напиша…

“Downing 10” синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи на важниот лидерски НАТО состанок.

Заев со сопругата Зорица беше и на прием кај кралицата Елизабета..

Со неа потоа, заедно со останатите лидери, направија и фамилијарна фотографија….

Посетата на кралската палата, ја искористи и министерката Шекеринска, која имала прилика да поразговара со сопругата на принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон.

На настанот, сепак, сите погледи беа насочени кон секогаш гламурозната поранешна мисица, а сега сопруга на амерканскиот претседател Доналд Трамп… Фотографите успеаја да ја уловат и во друштво на францускиот претседател Макрон со кој насмеано разговараат.

Но, иако на Макрон му годи присуството на Меланија, за време на коктел дружбата во Бакингамската палата заедно со британскиот, канадскиот и холандскиот премиер, го исмејуваа нејзиниот сопруг Доналд Трамп по жестоката прес конференција меѓу нив двајцата.

Џонсон до Макрон: Зошто доцнеше?

Трудо: Задоцни поради 40 минутната прес конференција.

Трудо: Видовте дека вилиците на неговиот тим паднаа на земја.

Јубилејните 70 години од основањето на НАТО се одбележува симболично во Лондон, бидејќи таму бил отворен првиот штаб на Алијансата. Самитот предизвика интерес на повеќе од 1000 медиумски екипи.

loading...
SHARE