Даниела Арсовска: „Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има!“

daniela filipce
Прочитај за: < 1 минута

Денес нова бламажа на Министерот за здравство Филипче. Како последна виолина (банана држава), од како сите држави во Европа и регионот се опремија со вакцини, од кога изминаа 3 месеци со лаги и превари во чекање за испорака на вакцини, од како 3 месеци умираа луге, денес беа испорачани само 24.000 вакцини преку КОВАКС системот.

Бројката на вакцини е срамна и мала но тоа што дополнително фрли сол на раната е што покрај Министерот за здравство беа нареден во шпалир сите амбасадори од ЕУ и САД да кажат збор-два и да се „пофалат“ за ненавремената и срамна пратка!?

Оваа претстава беше дочекана на нож на јавноста, со право бурно реагираше Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Даниела Арсовска:

„Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има.

Умираат луѓе на секој чекор, се борат за живот, бараат спас каде ќе стигнат, одат по други држави да се вакцинираат изложувајќи се на опасност од зараза, економијата поради неговата неспособност по цела година да воспостави контрола е на раб на пропаст, а тој се слика без срам со 1 кутија вакцини кои требаше да пристигнат минатата година.

Уште сите амбасадори ги собрал, да се сликаат за големиов успех. Мрш.“

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE