Цветанова до Димитров: Нашите родители немаа исти цели и идеали со твоите, ти ги продаде, нека ти служи на чест

Ганка Цветанова
Прочитај за: < 1 минута

Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова реплицира на објавата на социјалните мрежи од министерот за надворешни работи Никола Димитров за заокружувањето на членството во НАТО и за зеленото светло за преговори со Европската унија.

„Просто е неверојатно како и двете цели што ги зацртаа нашите мајки и татковци ги остваривме во една недела – НАТО-членство и пристапни преговори со ЕУ. И тоа во денови на време-невреме, на огромна глобална криза и пандемија“, објави Димитров на Твитер.

„Го замолувам @NDimitrovMK да зборува само во името на неговите родители. Да не ги става нашите родители во ист кош со неговите. Не се исти. И да, немаа исти цели и идеали. Ти Никола ги продаде идеалите на нашите родители. Нека ти служи на чест тебе и на твоите родители“, му одговори Цветанова.

SHARE