Брнабиќ: Бугарија бара малцинство во Србија, а тие самите не признаваат малцинства

Прочитај за: < 1 минута

Српската премиерка Ана Брнабиќ потврди дека и Бугарија е една од земјите која била против Србија да започне преговори со ЕУ, а дека сега бара Србија да го признае постоењето на бугарско малцинство во државата.

Како што изјавила Брнабиќ за „Пинк“, Бугарија барала од Србија да признае постоење на бугарско малцинство во околината на Димитровград, иако и самата не признава национални малцинства на своја територија.

„Тоа е неверојатно. Бугарија отвора прашање за положба на малцинство, а кај нив не постојат институции што се занимаваат со проблеми на националните малцинства“, рече Брнабиќ.

SHARE