Нови три случаи на британскиот сој на вирусот во Македонија

Прочитај за: < 1 минута

Денеска се откриени уште три нови случаи на новиот британски сој на вирусот во државава. Иако сеуште неофицијално, Македонски весник дознава дека случаите се регистрирани во една приватна лабораторија во Македонија.

По денешната вест дека британскиот сој ја зема и првата жртва во Македонија, очигледно станува дека британскиот сој е се повеќе присутен во нашата држава.

Лекарите предупредуваат дека британскиот сој може да стане доминантен. Откако беше откриен случај во Скопје, се испитува дали низ земјата циркулираат и други случаи на вирусот.

Британскиот сој, кој навлезе во 70 земји во светот, цел месец циркулирал и меѓу граѓаните во Македонија.

Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во земјата, како и во многу други земји во светот.

Се очекува во понеделник здравствените власти да ги потврдат новите три случаи на британскиот сој во Македонија.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE