Британскиот сој на коронавирусот стигна и во Македонија

Прочитај за: < 1 минута

Прв случај на Британскиот сој на коронавирусот во држававa.

Македонски Весник неофицијално дознава дека во државава е откриен првиот случај на пациент заразен со британскиот сој на коронавирусот. Тој бил откриен во лабораторијата на приватна клиника во Скопје.

Станува збор за средновечен пациент за кој засега не се знае од каде се заразил со британски сој на коронавирусот.

На Балканот овој сој на вирусот претходно беше откриен во Србија и во Словенија.

Во соседна Србија го донела 63-годишната жена од Нови Сад која дошла во Србија на 31 декември. Таа најверојатно била заразена во авионот, со кој летала од Лондон. Таа ги почувствувала тешкотиите три дена откако пристигнала во Србија.

Откако Србија го потврди првиот случај на новиот, британски сој на коронавирусот, тоа го стори и Словенија. Во Словенија вирусот го донел маж од Косово со привремен престој во Словенија, а кој се вратил од Белгија, за што ги известиле и белгиските власти.

За влез во Словенија болниот користел негативен тест, иако имал и друг што бил позитивен, па е ставен во изолација и се проверуваат неговите можни контакти.

За домашниот случај за сега повеќе информации се очекува од Министерството за здравство.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE