Браќата Усеини остануваат во притвор, битолска Апелација не го прифати решението на Охридскиот суд

Прочитај за: < 1 минута

Битолскиот Апелациски суд го поништи решението на Охридскиот суд да ја прифати понудената оарична гаранција од 30.000 на градскиот советник на ДУИ во Општина Охрид, бизнисменот Нефи Усеини, и на неговиот брат за да бидат пуштени од притвор.

Бидејќи Обвинителството се жалепе на оваа одлука, последниот збор да го имаше битолската Апелација. Тоа значи дека браќата Усеини остануваат и натаму во притвор.

Минатата недела советникот на ДУИ во општина Охрид и неговиот брат се јавија во охридскиот притвор по шест дена бегство, откако го нападнаа Спире Топалкоски на јавно место.

Против браќата се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако тоа го утврди полицијата.

Извор: Фактор

SHARE